Connect with us

Други спортови

Мерцедес најде замена за Хамилтон

Луис Хамилтон е позитивен на коронавирус и нема да настапи на Гран При на Шакира, што се вози за време на викендот.

Седумкратниот шампион во болидот на Мерцедес ќе го замени Џорџ Расел, кој оваа сезона возеше за Вилијамс.

Од Формула 1 е потврдено дека Расел ќе биде заменет во болидот на Вилијамс од резервниот возач на овој тим, Џек Ајткен.

Заемот на Расел може да трае до Гран При на Абу Даби, во зависност од тоа дали Хамилтон ќе биде позитивен или негативен на следниот тест.

Инаку, Мерцедес уште од претходно внимаваше на Расел, па не е исклучена можноста тој да стане стандарден возач на овој тим во наредните години.