Други спортови
Мерцедес заминува од Формула 1
Берни Еклстоун, поранешниот сопственик на Формула 1, денес објави дека автомобилот „мерцедес“ би можел да ја напушти Формула 1 во 2021 година кога ќе стапат на сила новите правила. Германскиот автомобил сè уште не го потпишал договорот со Либерти Медиа, сегашните сопственици на Формула 1, што фрла сомнеж во заминувањето на германскиот автомобил од овој спорт.
„Тото Волф се подготвува за евентуално заминување на Мерцедес од Формула 1. Покрај тоа, германскиот автомобил сè уште не го потпиша договорот, како што тоа го сторија другите автомобили. Ова е малку изненадувачки“, рече Еклстон.
Според поранешниот сопственик, Мерцедес гледа во други можности за иднината, бидејќи во Формула 1 доминира и победува сè веќе 6 години.
„Зошто Мерцедес треба да вложи толку многу пари во овој спорт кога освои се? Оваа компанија е задоволна од маркетингот што го направи за хибридниот мотор, особено во поглед на неговиот имиџ“, рече Еклстон.