Connect with us

Ракомет

Мешков Брест објави трансфер „бомба“: Доаѓа ракометар на Вардар

Сташ Скубе пред само неколку дена на својот Инстаграм со емотивна порака се прости од дресот на Вардар, а денеска од Мешков Брест стигна потврда дека тој е нивен нов играч. Белорускиот тим трансферот го оцени како „бомба“, а Словенецот ќе биде нивното најголемо засилување.

Поради ситуацијата во Вардар, пред се финансиската, немањето пари, голем број ѕвезди заминаа, а секако тука е и информацијата дека Сергеј Самсоненко нема повеќе да го спонзорира клубот.