Фудбал
Меси АУТ, Халанд ИН?!
Шпанскиот весник „Ас“ објави информација дека приоритет број 1 за Барселона во летниот преоден рок ќе биде Ерлинг Халанд, доколку Лионел Меси се одлучи да не го продолжи договорот. Наводно се уште не се почнати преговорите со Аргентинецот, па се уште постојат шпекулации за негово заминување. Доколку се случи тоа Барселона со сите сили ќе тргне по Ерлинг Халанд и нема да штеди пари за да ги победи конкурентите како што се Челзи и Реал Мадрид.