Фудбал
Меси доби статуа (ВИДЕО)
Jужноамериканскиот фудбалски сојуз – КОНМЕБОЛ се придружи во оддавањето почит на репрезентацијата на Аргентина по освојувањето на Копа Америка, Финалисима и Светското првенство во последните две години. Ова се случи на посебна церемонија што се одржа во Парагвај. Ѕвездата на Аргентина, Лионел Меси доби статуа.
A new Leo Messi statue has been revealed 🐐🫡 pic.twitter.com/O0oX0Pa6g0
— MC (@CrewsMat10) March 27, 2023
Исто така, сите играчи на Аргентина, нивниот селектор Лионел Скалони и претседателот на локалната фудбалска асоцијација, Клаудио Тапија, беа почестени за нивните достигнувања.
Капитенот Лионел Меси и Скалони добија и реплики од освоените трофеи. Врв на програмата беше откривањето на статуата на Меси во природна големина.
Статуата на Меси ќе биде изложена во седиштето на КОНМЕБОЛ, до статуите на Пеле и Диего Марадона.
Токму Меси одржа долг емотивен говор откако беше награден.
-Ова е навистина многу. Никогаш не сонував за сето ова. Мојот сон беше едноставно да уживам во она што го уживав како дете. Да бидам професионален фудбалер и да го правам она што отсекогаш го сакав во овој живот, а тоа е да играм фудбал. Секогаш се трудев да се подобрам, да сакам повеќе и секако имав долг пат да одам. Имав многу разочарувања и загуби, но секогаш се радував. Секогаш сум излегувал да победувам и тоа е најважно. Да се бориш за своите соништа, да веруваш дека се е можно и да уживаш во топката, која за мене и за нас е најубавото нешто. Многу му благодарам на Алехандро за тие два трофеи за кои зборувавме, особено овој мундијалскиот. Имавме среќа да играме во Аргентина за прв пат откако сме светски шампиони и добиваме многу љубов. Многупати сме доаѓале да играме квалификации, контроли и турнири, но овој пат, сега кога сме шампиони, за сите ни беше поинаку. Така се чувствуваме сите ние и народот, а Аргентина ни го покажува тоа цело време, истакна Меси.
Аргентина предводена од Меси лани го освои Светското фудбалско првенство во Катар.