Connect with us

Фудбал

„Меси е главниот виновник за неуспехот на Кутињо во Барселона“

Филипе Кутињо пристигна во Барселона на почетокот на 2018 година од Ливерпул како големо засилување.

Барселона плати дури 160 милиони евра за Кутињо и се очекуваше дека може да биде замена за Нејмар. Сепак, Кутињо не ги оправда очекувањата на „Камп Ноу“, а клубот ова лето го испрати во Баерн на позајмица.

Кутињо играше на неколку позиции во Барселона и едноставно не се вклопи во тимот. Но, многумина сметаат дека тој заслужува втора шанса и постои можност тој да остане во Барса кога ќе се врати од позајмицата на крајот на оваа сезона.

Поранешниот играч на Барселона, Роналд де Бур изјави дека верува во тоа дека Меси е главната причина што Кутињо не успеа во Барселона.

„Кутињо е играч кој беше озадолжен за сите акции во Ливерпул. Во Барселона е различно затоа што Меси ја има таа улога. Гледате дека е машина која работи одлично, но Кутињо не се вклопи. Тој е навикнаттопката најмногу да биде упатена кон него, но поради Меси тоа не е можно во Барса. Тој играше најдобро во времето кога Меси беше повреден. Кутињо е одличен играч, но тој едноставно не се вклопува во играта на Барселона и тоа е единствениот проблем“, изјави Де Бур.