Connect with us

Фудбал

Меси е подготвен да игра за ПСЖ

Суперѕвездата на Пари Сен Жермен, Лионел Меси се врати во акција за тимот на Кристоф Галтие. Аргентинецот се опорави од Ахиловата повреда и е вклучен во тимот за домашниот Оксер во Лига 1.

Натпреварот е в недела (13 ноември) во 14 часот, а веста за враќањето на Меси го смири и селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, а Светското првенство во Катар до крајот на осум дена.

Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие, на прес-конференцијата пред натпреварот во неделата призна дека ниту еден играч не побарал од него да не игра против Оксер поради стравувања од повреди пред Светското првенство. Така, во групата парижани покрај Меси се и другите големи ѕвезди Нејмар и Килијан Мбапе.