Connect with us

Фудбал

Меси ги договорил условите со новиот клуб?!

Личните услови Меси веќе ги договорил, јавуваат медиумите во Шпанија дека Барса веќе нема што да се надева за најдобриот играч во светот.

Поранешниот претседател на Барселона, Жоан Гаспарт, кој го предводеше клубот од 2000 до 2003 година, е убеден дека Лионел Меси нема да замине од клубот бесплатно ова лето.

Гаспарт даде изјава во која уверува дека го прочитал договорот на Аргентинецот, па според него нема шанси ѕвездата да се ослободи од обврските кон клубот.

„Го видов договорот на Меси со Барселона и многу е јасно дека тој нема право да замине од клубот без отштета. Таквата клаузула која му дозволуваше бесплатно да замине од Барселона истече во јуни. Тоа нема никаква врска со продолжувањето на сезоната поради коронавирусот. Уверен сум дека Меси ќе го одработи договорот и следното лето ќе си оди од Барса, бидејќи сега никој не може да плати 700 милиони, колку што изнесува откупната клаузула“, изјави Гаспарт.

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com