Меси ги изненади сите: Веќе пет месеци не сум разговарал со претседателот!

Лионел Меси неодамна даде интервју за „RAC1“ каде раскажа многу интересни работи, како што е неговата врска со претседателот Бартомеу.

Аргентинецот ги изненади сите, велејќи дека поминаа пет месеци од нокаутот во Лигата на шампионите од Ливерпул, и од тогаш нема зборувано со претседателот на клубот.

„Од елиминацијата на Ливерпул, не сум разговарал со претседателот. Јас немам проблем со тоа. Зошто да разговараме кога нема проблеми ?! Понекогаш ни треба мислење за одредено прашање“.

Меси се осврна и на уште една жешка тема, каде беше запрашан за шпекулации за влијанието на многу одлуки во клубот. Во врска со оваа тема, тој рече:

„Секако не. Се шпекулираше за многу работи. Се вели нешто, дека одлучувам кој доаѓа и кој си заминува, исто така влијаам и на тренерот. Нема вистина, но мора да научиме да живееме и со овие гласини“.