Фудбал
Меси ги кажал условите за останување во ПСЖ, раководството останало без зборови!?
Лионел Меси е фудбалер на Пари Сен Жермен уште само три месеци, барем на хартија, а во Париз прават се за продолжување на соработката. Меси има понуди да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, Аргентина, САД, но и да се врати во Барселона, но во најдобра преговарачка позиција е ПСЖ, кој веќе подолго време разговара со најдобриот светски фудбалер и се надева дека ќе може да го задржи на „Паркот на принцовите“ и покрај тоа што повторно не ја освоил Лигата на шампионите.
На крајот, проблемот се парите, бидејќи француските медиуми пишуваат дека Лионел Меси побарал огромна сума пари за да остане во Париз, што не го очекувале тоа од Аргентинецот кој влезе во 36 годинаи.
„Нема да биде лесна задача. Меси во преговорите и дава приоритет на понудата на Париз, но постави два услови за продолжување на договорот. Прашање е само како на тоа ќе реагираат челниците на клубот.. .“, пренесуваат француските медиуми и пренесуваат дека Меси барал дури 40 милиони евра по сезона (колку што има сега), но и услов секогаш да има место во стартниот состав на Пари Сент Жермен, без разлика кој бил тренер.
Меси го прави тоа затоа што сака да остане во форма бидејќи планира следната година да игра на Копа Америка со Аргентина, пренесуваат медиумите.
Да потсетиме, се шпекулира дека Килијан Мбапе и Нејмар летово ќе го напуштат Пари Сен Жермен, па тоа би му отворило простор на клубот да му плати на Лионел Меси, но тоа е најстариот играч од „ударното трио“. Да потсетиме, Меси во Париз одигра 65 натпревари и постигна 29 гола и асистираше на уште 32.