Connect with us

Фудбал

Меси ги разочара фановите во Аргентина

Лионел Меси, кој ја крена титулата од соништата, онаа од  Мундијалот, потврди дека не планира да учествува на следниот шампионат на планетата, кој ќе биде во 2026 година во САД, Канада и Мексико. Уште по финалето во Катар, генијалниот Аргентинец, кој овој месец ќе наполни 36 години, ја објави својата намера повеќе да не биде дел од најголемиот собир.

„Како што кажав и претходно, мислам дека нема да играм на следното Светско првенство. Не знам што ќе се случи со време, но не се предомислив за ова. Би сакал да бидам таму и да ги гледам (натпреварите – н.б.), но нема да учествувам. Откако стигнав до Светското првенство, што ми недостасуваше, задоволен сум и благодарен за кариерата што ја имав. И за мене ова е најважно. Мислам дека го одиграв последното Светско првенство“, изјави Меси за China TV.

Поранешниот играч на Пари Сен Жермен се уште не се повлекол од националниот тим. Инаку, тој веќе одлучи да ја напушти Европа и кариерата да ја продолжи во американското првенство каде ќе го носи тимот на Интер Мајами.