Connect with us

Фудбал

Меси го сруши рекордот на Чави за асистенции во една сезона

Капитенот на Барселона, Лионел Меси постави рекорд во шпанската Ла Лига по број на асистенции по сезона. Во последното, 38. коло, Барса го совлада Алавес на гости со 5:0. Меси на денешниот дуел постигна два гола и му асистираше на Ансу Фати.

Аргентинецот стигна до 21 асистенција поминувајќи го поранешниот соиграч Чави, кој  во сезоната 2008/09 година забележа 20 асистенции.

Вреди да се одбележи дека Меси најверојатно ќе победи во трката за стрелци. Тој има 25 погодоци, а неговиот најблизок прогонувач, Карим Бензема од Реал Мадрид, има 21 погодок и еден натпревар помалку.