Connect with us

Фудбал

Меси и Нејмар го делат 4. место во гласањето на УЕФА за играч на годината, Роналдо е 10-ти

Нион, 23 септември 2020 (МИА) – УЕФА ги објави резултатите од гласањето на новинари и тренери за признанието играч на годината во Европа. Во гласањето учествуваа 80 тренери од клубовите учесници во групната фаза на ЛШ на УЕФА 2019/20 (32) и Лига Европа 2019/20 (48), како и 55 новинари од сите асоцијации на УЕФА, избрани од европската асоцијација на спортски медиуми.

Меси и Нејмар се на делба на 4.место, а Роналдо е дури 10.

Тројцата најдобри се Кевин де Бруин (Манчестер сити), Роберт Левандовски и Мануел Нојер (двајцата Баерн Минхен). Победникот ќе биде објавен на церемонијата на 1 октомври.

Во моментов се знае колку поени освоија преостанатите играчи од првите десет.

4. Лионел Меси (Барселона) – 53 поени, Нејмар (ПСЖ) – 53 поени
6. Томас Милер (Баерн) – 41 поен
7. Килјан Мбапе (ПСЖ) – 39 поени
8. Тијаго Алкантара (Баерн) – 27 бода
9. Џошуа Кимих (Баерн Минхен) – 26 поени
10. Кристијано Роналдо (Јувентус) – 25 поени. зс/