Connect with us

Фудбал

Меси и Роналдо не доминираат повеќе, сега први се некои „нови клинци“

Фудбалскиот институт CIES ја објави најновата листа на најскапи фудбалери во светот. Цената на играчите е направена врз основа на познат алгоритам. Во предвиде биле земени квалитетот на играчот, должината на договорот и стабилноста на клубот за кој настапува одреден играч. Се разбира тука е и влијанието на коронавирусот.

Според тоа, најскап играч во светот е Килијан Мбапе со 259,2 милиони евра. Потоа следува Рахим Стерлгин со 194,7 милиони, па Џејдон Санчо со 179,1 милион, Александар Арнолд со 171,1 милион и Маркус Рашворд со 152,3 милиони, кој ја комплетира петорката.

Лионел Меси и Кристијано Роналдо кои со години владееја и во оваа конкуренција се далеку од врвот.  Меси има вредност од 100,1 милион, и се наоѓа на 21.место, додека Роналдо е на 70-то место со 62,8 милиони.