Connect with us

Фудбал

Меси и Роналдо во Интер Мајами?!

Лионел Меси и Кристијано Роналдо би можеле да се преселат во Американската МЛС лига, придружувајќи се на Интер Мајами на Дејвид Бекам на крајот од своите кариери.

Тренерот на Минесота Јунајтед, Адријан Хит изјави дека слушнал за тоа дека Меси и Роналдо најверојатно ќе се збогуваат од фудбалот во Соединетите американски држави.

Sвездата на Јувентус, Роналдо ќе му се придружи на Бекам, човекот кој го наследи во Манчестер Јунајтед во раните денови од кариерата.

Покрај тоа, Бекам има многу добри односи со 35-годишниот Португалец.

Меси (32) има повеќе време да игра за Барселона, но Хит верува дека Аргентинецот ќе ги помине своите последни денови во МЛС.

„Слушам дека ќе има големи трансфер, а Меси и Роналдо се имињата што најмногу ги слушам“, рече Хит.

„Нивното пристигнување би било извонредно за американскиот фудбал и ако некој има глобална моќ да го оствари овој сон, тој човек е Дејвид Бекам“, додаде тој.