Фудбал
Меси играше само половина час и направи чудо: Нереална акција и гол на Аргентинецот (ВИДЕО)
Лионел Меси помина само половина час на теренот и покажа зошто е еден од најдобрите играчи на сите времиња. Тој влезе во игра во 60. минута и во 88. со гол по една убава акција ја потврди победата на Интер Мајами. Гол кој сигурно ќе се врти на ТВ насловите. Целата акција беше изведена перфектно, од додавањето на Жорди Алба од волеј во воздух, до прекрасното додавање на Лео за Кремаши и повратното додавање по кое на аргентинскиот ас не му беше тешко да ја затресе празната мрежа. Њу Јорк Ред Булс можеа само да аплаудираат заедно со луѓето на стадионот. Имаше преку 26.000 фанови.
For his first regular season goal for the club 🎉
Cremaschi ▶️ Messi!#RBNYvMIA | 0-2 pic.twitter.com/jyzfCqMKwQ
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) August 27, 2023