Фудбал
Меси испрати порака до целиот свет: Здравјето е сега поважно од се
Фудбалерите на Барселона се во изолација и можат да излезат само со посебно одобрение.
Пандемијата на коронавирус создаде голем хаос низ цела Европа, а состојбата во Шпанија веќе неколку дена е алармантна. Ла Лига е прекината и сè уште не е познато кога натпреварувањето ќе продолжи.
На играчите им е наредено да бидат во домашна изолација и ќе тренираат под посебна програма во своите домови. На социјалните мрежи се огласи и Лионел Меси со посебна порака за сите, велејќи дека здравјето доаѓа во прв план.
„Овие се комплицирани денови за секого. Загрижени сме за тоа што се случува и сакаме да им помогнеме на оние што во моментот се во лоша состојба, ставајќи се во нивните чевлите, дали сами го добиле вирусот или затоа што тоа дојде од член на нивното семејство или пријател. Исто така, можеби тоа се оние кои работат на првата одбранбена линија во болниците и здравствените центри, им посакувам многу сила. Здравјето мора да дојде на прво место“, рече Меси, додавајќи.
„Ова е исклучителна ситуација и мора да се почитуваат инструкциите на надлежните органи и здравствените работници. Ова е единствениот начин на ефективна одбрана. Сега е време да станете одговорни луѓе и да останете дома. Ова е одлично време за уживање со вашите најблиски, што можеби не можете секогаш да го имате. Ве гушкам сите и се надевам дека целата оваа ситуација ќе заврши што е можно поскоро“.