Поврзи се со нас

Фудбал

Меси ја надмина ситуацијата со Суарез, убеден е тренерот на Барса

Барселоа, 26 септември 2020 (МИА) – Драмата со разделбата со Луис Суарез видно го изнервира капитенот на Барселона, Лионел Меси, кој не се плашеше повторно да ја нападне управата. Овие скандали може да влијаат на перформансите на играчот и на тимот како целина, но тренерот Роналд Куман се чини сигурен во пресрет на почетокот на „Блаугранас“ во Ла Лига. Во недела навечер, тимот се соочува со Виљареал.

-текстот продолжува по рекламата-

– Нормално е играчот да биде тажен кога некој пријател ќе го напушти клубот.Но, ова е дел од фудбалот. За мене најважно е што прави Меси на тренинзите и натпреварите. Досега, тој секогаш беше пример за време на тренинзите. На вчерашниот и денешниот тренинг тој покажа дека го надминал сето ова. Не се сомневам во него, вели Куман..

Тренерот не исклучува привлекување нов напаѓач, а во комбинација се имињата на Лаутаро Мартинез од Интер и Мемфис Депај од Лион.

-текстот продолжува по рекламите-

– Клубот мора да биде подготвен во секое време да го засили тимот. Ние бараме начини да се подобриме. Но, веројатно, она што го сакам како тренер е невозможно во однос на финансиската состојба на клубот. Важно е да зборуваме за она што го имаме. Дури и да не добиеме нов централен напаѓач, на располагање ги имаме Ансу Фати и Усман Дембеле, објасни Куман.

Поранешниот селектор на Холандија потврди дека Барселона ќе игра во нова шема во споредба со претходните сезони – 4-2-3-1.

– Очигледно, треба да бидеме постабилни во одбраната. Во принцип, ја менуваме шемата и ќе притиснеме повисоко. Ова се радикални акции и ќе ни треба време, заклучи Куман.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама