Connect with us

Фудбал

Меси ја започна 2023 година со гол и победа на ПСЖ

Пари Сен Жермен го совлада Анже со 2:0 во натпревар од 18. коло на Лига 1. Резултатот го отвори Хуго Екитике во 5. минута. Во 72. минута Лионел Меси го пресретна додавањето на Норди Мукиеле и со гол се врати на теренот во 2023 година како светски шампион. Во 84. минута погоди и Нејмар, но неговиот гол не се броеше.

ПСЖ има 47 бодови и е лидер во поредокот.

Анже го забележа 11-от последователен пораз во францускиот шампионат и е последен со 8 бода.