Фудбал
Меси ќе го прифатиме со широки раце и ќе му дадеме пасош
Легендарниот капитен на германската фудбалска репрезентација и на Баерн (М), Лотар Матеус, призна дека е импресиноран од играта и од ефектот на најголемата ѕвезда во дресот на каталонскиот гигант Барселона, Лионел Меси. Според освојувачот на најважната индивидуална награда во фудбалскиот свет – „Златната топка“ за 1990 година, аргентинскиот интернационалец е повеќе од добродојден во Германија.
- Не можам да поверувам. Ако не го сакаат Меси, тогаш тој може да се пресели во Германија. Ќе го прифатиме со отворени раце и ќе му дадеме пасош. Се разбира, ќе го земеме со задоволство. Би биле среќни, ако Лео заврши во Бундеслигата. Искрено, среќен сум што Меси е во фудбалот. Тој е добар играч и добар човек, изјави Матеус.
Иако е најзаслужен за најдобрите резултати во последната деценија, Меси постојано е критикуван од најрадикалните фанови на „гаучостите“ кои го посочуваат како главен виновник за поразот во финалниот натпревар од Светското првенство во 2014 година, како и за двата пораза во финалниот натпревар од Копа Америка.
- Аргентина има среќа да ги има Меси и Марадона, двајца од најдобрите фудбалери во историјата, додаде Матеус.
vecer.press