Connect with us

Фудбал

Меси: Мбапе е ѕвер и сигурно ќе биде меѓу најдобрите

Суперѕвездата на Пари Сен Жермен , Лионел Меси го пофали младиот голгетер на францускиот шампион, Килијан Мбапе , кој редовно го снабдуваше со асистенции оваа сезона.

„ Килијан е различен играч, ѕвер кој е многу силен во ситуации еден на еден, како и доста брз. Постигнува многу голови, комплетен фудбалер е и мислам дека тоа го докажува долги години. Во наредните години тој сигурно ќе биде меѓу најдобрите“, изјави Меси во интервју за TUDN.

Тој разговараше и за неговиот добар соиграч Нејмар и за шансите парижаните конечно да станат европски клупски шампиони. „Нејмар и јас се познаваме целосно, поминавме многу време во Барселона . Посакувам да можевме подолго да уживаме таму, но животот нè врати заедно во Париз. Среќни сме што сме заедно. Сакам да си играм со него и да бидам заедно секој ден. Лигата на шампионите е тежок турнир за освојување бидејќи не секогаш победуваат најдобрите, а исто така се зависи од малите детали. Сепак, се подготвуваме за овие тешки натпревари“, додаде Аргентинецот.