Connect with us

Фудбал

Меси му го даде дресот по мечот, а противничкиот фудбалер се радуваше како мало дете (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Аргентина во средата ремизираше 1:1 против селекцијата на Еквадор. Аргентинците веќе обезбедија пласман на Светското првенство кое на крајот од оваа година ќе се игра во Катар, а за „гаучосите“ не беше премногу важен мечот против селекцијата на Еквадор. Гостите одлично го отворија натпреварот и поведоа во 24. минута кога Алварез ја затресе мрежата на Еквадор, но домашните стигнаа до 1:1 со голот на Валенсија во третата минута од судиското продолжение.

Сите 90 минути на овој меч ги одигра Лионел Меси, кој по натпреварот беше во центарот на вниманието.

Имено, еквадорските фудбалери најмногу сакаа да разменат дресови со него.

Еден од нив беше Бајрон Кастиљо, кој на крајот од првото полувреме му пријде на Меси и го праша дали ќе ги смени дресовите, а Меси го одржа ветувањето.

На крајот од мечот дресот на Меси стигна до Кастиљо, а тој не можеше да ја сокрие еуфоријата што сега во својата колекција го има дресот на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.