Connect with us

Фудбал

Меси не смета дека е играч на Барселона, нема да се појавува на тренинзи

Лионел Меси нема повеќе да се појавува на тренинзите на Барселона бидејќи смета дека тој повеќе не е дел од овој тим, објавија неколку сериозни светски медиуми. Тој не ги признава одлуките на Ла Лига и Барселона кои велат дека се уште е под договорот со каталонскиот тим.

Тој според клаузулата една година пред истекот на договорот може да ја раскине соработката, па се повикува на ова. Сепак, Ла Лига и Барселона велат дека Меси не ја активирал клаузулата на време, односно најдоцна до јуни, па според сите правни основи, тој практично е под договор со Каталонците и не може да замине без обештетување.

Вреди да се напомене дека Меси вчера не се појави на закажаните тестови за Ковид 19.