Фудбал
Меси планира да ја напушти Барселона, повикувајќи го Нејмар да го заземе неговото место
Престижниот француски магазин „Франс Фудбал“ пишува дека Лионел Меси му кажал на Нејмар кога ќе ја напушти Барселона и побарал од него да се врати во Шпанија за да го освои трофејот во Лигата на шампионите.
Нејмар беше блиску да се врати во Барселона во текот на летото, и покрај тоа што беше префрлен во ПСЖ за 222 милиони пред две години. На крајот, овој трансфер, кој наводно го барал Меси, не успеа.
Разговорот помеѓу Меси и Нејмарсе случи по елиминацијата на Барселона од Ливерпул во полуфиналето на ЛШ минатата сезона, по што Меси го повика Нејмар да го напушти ПСЖ и да се врати на „Камп Ноу“ минатото лето.
„Само заедно можеме да го освоиме трофејот во Лигата на шампионите. Сакам да се вратиш. За две години, ќе заминам и ти ќе бидеш сам, заземајќи го моето место“, наводно му рече Меси на Бразилецот.
Кога Нејмари ја напушти Барселона и замина во ПСЖ за рекордна сума во летото 2017 година, шпанските медиуми тврдат дека 27-годишникот заминал затоа што посакал да не биде во сенка на Меси.
Во текот на летото, Нејмар зажали за одлуката и се обиде да го обезбеди неговото враќање во Барселона, додека „Франс Фудбал“ известува дека и Килијан Мбапе и Марко Вертити го молеле бразилскиот напаѓач да не заминува.
Нејмари, наводно, не е во добри односи со спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, и иако се очекува да остане во француската престолнина барем до крајот на сезоната, преговорите за евентуално враќање во Барселона би можеле повторно да започнат следното лето.
Иако не е објавено дали Меси има намера да замине во пензија или да ја продолжи кариерата на друго место, француските медиуми тврдат дека на навивачите на Барселона им остануваат помалку од две години да уживаат во настапите на Меси на „Камп Ноу“.