Connect with us

Фудбал

Меси почна со тренинзи во група

Барселона, 9 септември 2020 (МИА) – Лионел Меси се врати во својата зона на удобност за време на тренингот со соиграчите во Барселона во средата, подготвувајќи се за новата сезона во Ла Лига.

Голгетерот на сите времиња на Каталонците дури беше фотографиран насмеан за време на тренингот, кој се одвиваше под непрекинат дожд на комплексот на клубот „Жоан Гампер“ под водство на новиот тренер Роналд Куман. Во клупското соопштение се вели дека меѓу другите играчи кои се вратија во тимот се Филипе Кутињо, Серхио Бускетс, Френки де Јонг и Ансу Фати.

Аргентинецот, кој останува со капитенската лента и покрај тоа што јавно ја објави својата желба да го напушти „Камп Ноу“ и го критикуваше претседателот Хосеп Марија Бартомеу, го продолжи индивидуалниот тренинг со тимот во понеделникот, откако одби да се приклучи на сесијата осум дена порано. додека сè уште бараше излез од каталонскиот гигант. Но, каталонската sвезда минатиот петок објави дека ќе остане во Барса и оваа сезона, бидејќи не сакаше да се соочи со клубот на суд поради контроверзноста околу клаузулата од неговиот договор, за која рече дека му дозволува да замине без трансфер сума.

Блаугранас ќе ги пропушти првите две недели од новата сезона во Ла Лига поради учеството на „Ф8“ од Лигата на шампионите минатиот месец, каде тимот беше понижен од Баерн со 2:8 во четвртфиналето. Четата на Куман ќе игра против „Химнастик де Тарагона“ во сабота на пријателски натпревар, а потоа и со Жирона следната среда, пред првиот меч во сезоната против Виљареал на 27 септември.

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com