Поврзи се со нас

Фудбал

Меси пред одлука, може да бира Интер или Сити?!

Се повеќе гласини околу тоа дека Лионел Меси е подготвен да замине од Барселона и да се пресели во Интер или Манчестер Сити. Овие два клуба се спомнуваат како алтернативи, иако постојано од каталонскиот клуб велат дека Аргентинецот нема да оди никаде.

Меси целата кариера ја помина во Барселона, а договорот му истекува следното лето. Во моментов нема преговори околу негово продолжување. Шпански „АС“ објави дека Меси може да ја бира својата иднина од јануари, а „Газета дело Спорт“ пишува дека Интер неколку пати се обидел да стигне до него.

Според „Босман“ правилото, шест месеци пред истекот на договорот со клубот, секој фудбалер може да почне преговори со друга екипа и да ги договори своите услови, а по истекот на договорот без обесштетување да се пресели во нова средина. Дали тоа ќе се случи и со Меси или сепак Аргентинецот ќе одлучи да остане каде што е цела своја кариера, останува да се види.

 

Advertisement

Facebook

Реклама