Connect with us

Фудбал

Меси пристигна во Флорида со приватен авион, во недела закажана официјалната промоција (ВИДЕО)

Лионел Меси денеска пристигна на Флорида во пресрет на официјалното потпишување на договорот за Интер Мајами.

Меси и неговото семејство пристигнаа на аеродромот во Форт Лодердејл со приватен авион и наскоро ќе биде официјално претставен како нов играч на клубот во сопственост на Дејвид Бекам. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња минатиот месец ја одби Барселона и понуда вредна 1,2 милијарди евра од Саудиска Арабија и најави дека кариерата ќе ја продолжи во американскиот Интер.

Интер Мајами објави дека на 16 јули на клупскиот стадион ќе се одржи настан наречен „The Unveil“, а нема сомнеж дека сите места на трибините ќе бидат пополнети бидејќи Аргентинецот ќе биде најголемата ѕвезда во историјата на МЛС. Меси на 16 јули и официјално ќе потпише 2,5-годишен договор вреден 150 милиони долари, а своето деби би требало да го има на 21 јули против мексиканскиот клуб Круз Азул.