Connect with us

Фудбал

Меси против Роналдо, подгответе се за уште една пресметка на најдобрите во историјата (ФОТО)

Фудбалскиот клуб Интер Мајами официјално потврди дека ќе се соочи со Ал Наср во Саудиска Арабија на 1-ви февруари, со што може да биде последниот судир меѓу две фудбалски легенди – Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Во последните денови се шпекулираше за датумот на средбата, но американскиот клуб сега потврди дека натпреварот ќе се одигра во Ријад на почетокот на вториот месец од следната година. Осумкратниот освојувач на златната топка Меси (36) и петкратниот освојувач на Златната топка Роналдо (38) досега се сретнале 37 пати, од кои 30 во Шпанија додека играле за Барселона и Реал Мадрид.

Овој натпревар би можел да претставува крај на ривалството меѓу двајца играчи кои важат за едни од најдобрите фудбалери во историјата. Пред средбата со Ал Наср, Интер на 29 јануари ќе одигра пријателски натпревар против Ал Хилал, тим предводен од нашите фудбалери Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Интересно е што повредениот бразилски фудбалер Нејмар нема да биде дел од Ал Хилал.