Connect with us

Фудбал

Меси сигурно ќе го напушти ПСЖ следното лето

Лионел Меси потпиша двегодишен договор со ПСЖ во летото 2021 година кога како слободен играч ја напушти Барселона.

Аргентинецот планира да го стори истото следното лето, оставајќи го „Паркот на принцовите“ како слободен агент.

Досега пропаднаа сите обиди на ПСЖ да го продолжи договорот на Меси.

Фудбалерот прво им најави на челниците дека ќе донесе одлука за својата иднина по завршувањето на Светското првенство во Катар. Сепак, каталонските медиуми тврдат дека тој веќе одлучил дека нема да го продолжи договорот со парижаните, пред се затоа што не може да се навикне на животот во француската престолнина.

Враќањето во Барселона не е приоритет за Меси, но сака да се испроба во МЛС каде има примамлива понуда од Интер Мајами.