Connect with us

Фудбал

Меси со повреда, можеби нема да игра во финалето

Шокантна вест ја погоди Аргентина и сите навивачи на фудбалската репрезентација! Големата ѕвезда Лионел Меси пропушти уште еден тренинг на својата репрезентација и е прашање за неделното финале на Светското првенство во Катар против Франција.

Аргентина смета на Меси да ја предводи селекцијата во решавачката битка да ја донесе третата титула на Мундијалот. Сепак, Лео има болки во тетивата на левата нога, кои ги доживеа во полуфиналето против Хрватска. Лекарите даваат се од себе да го вратат, но се уште е рано да се каже дали ќе успеат.

Делумно уверување во таборот на „гаучосите“ е опоравувањето на Анхел Ди Марија, кој ќе биде подготвен да игра за финалето. Сепак, се чини дека тоа не ги загрижува Аргентинците толку колку што нивниот капитен е здрав и подготвен за мечот со Франција.