Connect with us

Фудбал

Меси? Спортскиот директор на Интер им го расипа сонот на навивачите

Утрово италијанскиот „Спорт Медиасет“ објави информација дека Интер тргнува по Лионел Меси. Аргентинецот има договор со Барселона до 2021-година, но се уште не го продолжил, а според клаузулата која ја има една година пред истекот може да замине каде сака.

„Спорд Медиасет“ објави дека Интер ќе се обиде да го искористи тоа и бесплатно да го донесе во Милано,но сепак подготвувал понуда од 50 милиони евра годишна плата за Меси.

Сепак, непосредно пред вечерашниот меч со Џенова, италијанските медиуми го сретнаа спортскиот директор на Интер Бепе Марота, кој им го уништи сонот на навивачите.

-Меси е фантастичен фудбалер, но апсолутно тој не е нашата цел. Мислам дека тој сака да го продолжи фудбалскиот живот во Барселона. Наша цел е да го задржиме Алексис Санчез, изјави Марота во изјава за „Скај Спорт“.