Connect with us

Фудбал

Меси „удри“ по соиграчите: Ако продолжиме вака ниту Лига шампиони нема да освоиме

Капитенот на Барселона, Лионел Меси остро го критикуваше тимот по загубата на титулата во Ла Лига.

– Не очекувавме, не сакавме да ја завршиме сезоната така, но мечот против Осасуна во голема мерка покажува како бевме во текот на сезоната. Бевме непостојани, бевме слаб тим, кого го победуваат со интензитет, кој лесно прима голови. Изгубивме многу поени каде не требаше, изјави остро Аргентинецот по поразот од Осасуна.

Според него, Реал Мадрид ја заврши својата работа, откако не загубија ниту еден бод по паузата.

Тој смета дека ако продолжат да играат така, не може да ја освојат Лигата на шампионите.

– Беше јасно дека дури и Ла Лига не може да се освои. Ни треба воздух и да размислуваме за ЛШ. Ако играме така, ќе загубиме против Наполи, додаде Меси.