Connect with us

Фудбал

Меси вечерва слави jубилеј, се поблиску се до рекордот на Чави

Барселона ќе игра многу важен натпревар вечерва на „Камп Ноу“ против Борусија Дортмунд во 5. коло од Лигата на шампиони.

После четири кола, Каталонците имаат две победи и две реми, но во последниот натпревар направија кикс и одиграа 0-0 против Славија Прага, па сега се во опасност да ја промашат нокаут фазата.

Она што е важно за Барселона е дека Лионел Меси, кој имаше проблеми со својата повреда на стартот од сезоната, ќе игра вечерва, што значително ги зголемува шансите каталонскиот тим да стигне до победа.

Откако се опорави и сега е во одлична форма, Меси има постигнато 11 гола на последните девет натпревари и вечерва ќе го има својот јубилеј.

Аргентинецот ќе го одигра својот 700. натпревар во дресот на Барселона и со тоа ќе се приближи до Чави, кој го држи рекордот со 767 настапи за каталонскиот тим.

Лионел Меси го направи своето деби за првиот тим на Барселона пред 16 години и оттогаш постигна 612 голови на 699 ​​натпревари и забележа 248 асистенции.