Connect with us

Фудбал

Меси вечерва со ново остварување – се израмни со Гигс

Капитените на Барселона, Меси продолжува да ги поместува границите во Лигата на шампионите. Вечерашните голови на Меси беа доволени за Аргентинецот да постави нови рекорди кога се работи за Лигата на шампиони.

Аргентинецот стана првиот фудбалер во историјата кој врзал 16 сезони во кои постигнал барем еден гол во елитно натпреварување.

Унгарскиот првак е 36-ти клуб против кој Меси постигнал гол во Лигата на шампиони. Ниту еден друг играч во историјата на елитното натпреварување на УЕФА нема дадено погодоци на толку различни клубови.

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, исто така во шеснаесет сезони има постигнато барем по еден гол во Лигата на шампионите, но за разлика од Меси, тоа не се 16 сезони по ред.