Connect with us

Фудбал

Меси за „Мундо Депортиво“: Ако Барселона сака, тогаш нема проблем…

Лионел Меси во интервјуто за „Мундо Депортиво“ зборуваше за многу работи, меѓу кои и последните информации дека размислувал да замине од Барселона.

-Не сега со клаузулата, туку и претходно сум имал можност да заминам, имало многу клубови кои биле заинтересирани и подготвени да ја платат клаузулата и сум имал можност да заминам, но никогаш не сум помислил на тоа. Но, доколку клубот сака, тогаш нема проблем. Јас сакам да останам во Барселоба, вели Меси.

Тој воедно рече дека многу бил погоден со заминувањето на Валверде, но го пофали новиот тренер Сетиен. За моменталната форма рече дека мора да играат подобро доколку сакаат да ја освојат Лигата на шампионите.