Connect with us

Фудбал

Меси за потенцијалното ново засилување: Тој е комплетна „деветка“

Лионел Меси во интервју за каталонски „Спорт“ и „Мундо Депортиво“ покрај многуте работи, зборуваше и за трансфер пазарот следната сезона. Името кое во изминатиот период се поврзуваше со Барселона е Лаутаро Мартинез од Интер. За својот сонародник и колега од репрезентацијата, Меси има само пофални зборови.

„Јас сум искрен кога велам дека не знам дали имало или во моментов се преговара, немам идеја. Лаутаро е импресивен напаѓач, пред се затоа што мислам дека е многу комплетен број девет. Тој е силен, добро дрибла, постигнува голови, знае како да ја чува топката … Но, ќе мора да видиме што ќе се случи со него и со другите имиња со кои не поврзуваат, вели Меси.