Фудбал
Меси за тренерот на Барселона: Или не разбрал добро, или лошо се изразил
Пред прекинот на сезоната, и доигрувањето на 11-те преостанати кола, Барселона има два бода предност во однос на Реал Мадрид.. Сепак, чувството е дека тимот не игра на врвот насвоите можности откако Кике Сетиен го презеде тимот.
Воедно Меси се осврна и на објавите на медиумуте за недоразбирањата со тренерот Сетиен. Тој додаде и дека Сетиен не разбрал целосно или сам се изразил лошо за тоа, што Меси го изјавил, а во однос на некои свои коментари, што може да се сметаат за критики кон тренерот.
– Она што го кажав беше дека во последните неколку натпревари пред паузата, се чинеше очигледно дека не изгледаме доволно добри за да кажеме дека ќе ја освоиме Лигата на шампионите. Никогаш не сум се сомневал во поставата што ја имаме и не се сомневам дека можеме да победиме на секој турнир во кој учествуваме. Но, не начинот на кој игравме. Сега, секој има свое мислење, што е добро и сите го почитуваме. Моето мислење доаѓа од позиција каде имав среќа да играм во ЛШ секоја година и знам дека не е невозможно да се освои, играјќи го начинот на кој игравме, изјави Меси за „Спорт“.