Тајмаут
Меси замина на одмор во Саудиска Арабија
Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Лионел Меси замина на одмор во Саудиска Арабија. Аргентинецот ги искористи неколкуте слободни денови во календарот и реши да се опушти далеку од Европа , заедно со својот соиграч Леандро Паредес . Тој на својот Инстаграм профил објави фотографија на која се гледа како ужива во зајдисонце на јахта во Црвеното Море.
View this post on Instagram
На ПСЖ му преостануваат уште само два натпревари до крајот на сезоната, но тие немаат особена важност откако тимот ја обезбеди титулата во Лига 1. Така што нема да биде изненадување доколку Меси не учествува на ниту еден од нив.
34-годишниот Аргентинец забележа контроверзна прва сезона во парискиот тим по неговиот трансфер од Барселона минатото лето. Неговиот учинок не е лош, бидејќи има 9 гола и 13 асистенции на 32 натпревари во сите натпреварувања. Сепак, тие се далеку од стандардите на кои се навикнавме во последните години.
Како што веќе беше споменато, ПСЖ ја обезбеди титулата во Лига 1, но тимот повторно не успеа да ја оствари својата голема цел, а тоа е да ја освои Лигата на шампионите откако беше елиминиран од Реал Мадрид во 1/8 финалето.