Connect with us

Фудбал

Месиииии, каков гол на дебито за Интер Мајами за победа во 94-та минута (ВИДЕО)

Преполн стадион, Меси е тука сите дојдоа да ја видат неговата магија. 54-та минута, Аргентинецот влегува во игра од клупата, за деби во дресот на Интер Мајами. Резултатот е 1:0 за Мајами. Но, во 65-та тимот на Круз Азул израмнува. Резултат кој беше актуелен се до 94-та минута. Тогаш беше досуден слободен удар за Интер Мајами, Меси презема одговорност и буууумм, фантастичен гол за победа на Интер Мајами, која ја донесе Аргентинецот со својот прв гол на првиот меч. Инаку, овој натпревар беше во рамките од Лига Купот во кој играат тимови од Централна и Северна Америка.