Connect with us

Фудбал

Месут Озил кажа доста е!

Месут Озил објави дека става крај на професионалната кариера.

Тој преку социјалните мрежи ја објави својата одлука да стави крај на богатата фудбалска кариера во која настапуваше за Шалке, Вердер Бремен, Реал Мадрид, Арсенал, Фенербахче и Башакшехир.

Во својата изјава Озил се заблагодари на семејството, пријателите и на сите кои го поддржуваа во текот на неговата 17-годишна кариера.

Како заклучок, тој додаде дека сега ќе се посвети на семејството и ќе ужива со сопругата Амина и ќерките Ед и Ела и вети дека ќе продолжи да биде активен на социјалните мрежи.

Озил порасна во Шалке, а првиот голем трансфер дојде во 2008 година во Вердер Бремен за пет милиони евра.

По Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, Реал Мадрид го грабна за 18 милиони евра.

Под палката на Жозе Мурињо, во следните три сезони Озил беше веројатно најдобрата „десетка“ на светот. За Реал одигра 159 натпревари, постигна 27 гола и забележа неверојатни 81 асистенција! Сепак, со доаѓањето на Карло Анчелоти, тој го загуби местото во тимот и беше купен од Арсенал во летото 2013 година за 47 милиони евра.

Advertisement