Connect with us

Фудбал

Месут Озил од јануари не е играч на Арсенал, но уште добива неделна плата од 315.000 фунти

Неверојатно е што можат да направат менаџерите и клаузулите во договорите. Имено, Арсенал едвај чекаше да се ослободи од Месут Озил. Покрај тоа што со месеци не играше за „Топџиите“, добиваше голема плата. А, сега и покрај тоа што од јануари не е нивен фудбалер, сепак добива вистинско богатство. Имено, кога Озил го раскинувал договорот со Арсенал и заминувал во Фенербахче, успеал да издејствува клаузула со која Арсенал се обврзал да му ја исплаќа платата до крајот на договорот, а тоа е до јуни оваа година. Па, така Озил неделно добива од Арсенал, иако не е нивен фудбалер, 315.000 фунти. Откако заминал од Лондон и се преселил во Истанбул, фудбалерот инкасирал 7,38 милиони евра од Арсенал.