Connect with us

Ракомет

Металург 2 без бодови од гостувањето кај Пелистер

Во последниот натпревар од 13. коло на машката ракометна Суперлига, екипата на Металург 2 е поразена на гостувањето кај Пелистер. Во интересен, и во најголем дел израмнет, натпревар загубивме со резултат 27:29 (13:13). Неколку лоши минути во второто полувреме не чинеа три бода од оваа средба.

Целото прво полувреме мина во израмнета борба. Најчесто водеше Пелистер, но само еднаш со два гола разлика, а свое водство имаше и Металург 2. Овој период од средбата заврши со израмнети 12:12.

Во егал игра минаа и првите десет минути од вториот дел, а потоа дојдоа лошите минути од 40. до 45., во кои лесно загубивме неколку топки, промашивме седмерец, а дополнително на 4 минути беше исклучен и Митиќ (фаул + приговор). Противникот ја искористи својата шанса и поведе со максимални +6, 24:18. Металург 2 се обиде да возврати и во два наврати стигна на негатива од само два гола, но тој праг не успеа да го пречекори.

Во следното коло Металург 2 во Автокоманда ќе игра со екипата на Радовиш.