Connect with us

Ракомет

Металург го одржа првиот состанок, пред новата ракометна сезона

Металург вечерва го одржа првиот состанок пред новата сезона.

Тренерот Кастратовиќ засега го има на располагање само македонскиот дел од тимот, додека остатокот од екипата ќе пристигне во текот на викендот, па од понеделник Металург ќе биде комплетен.

Според протоко­лот за тре­ни­ра­ње во са­ла, што го под­го­тви РФМ, во оваа фа­за од под­го­то­вки­те Металург ќе ја кори­сти са­мо сала­та, но не и соб­ле­ку­вал­ни­те. Во са­ла­та игра­чи­те ќе доаѓаат под­го­тве­ни за тре­нинг, а по тре­нин­гот се­кој веднаш ќе си за­ми­не до­ма. Во са­ла­та ќе би­де за­бра­нет пристап за над­во­реш­ни ли­ца.

Со тренинзи Металург ќе почне утре, а ќе се тренира во две помали групи од по 5,6 ракометари. Утринските тренинзи се од 9 и од 10 часот, а попладневните од 18 и од 19 часот.

Ме­та­лург ќе тре­ни­ра во Скоп­је се до 30 ју­ли, а по­тоа ќе за­ми­не за Ма­вро­во ка­де што до 11 август ќе ра­бо­ти на тех­нич­ко-та­ктич­ка под­го­то­вка на еки­па­та, по што ќе сле­ду­ва настап на тур­ни­рот во Стру­га.

На 28 ју­ли Металург ќе го доз­нае про­тив­ни­кот во 1. ко­ло од ква­ли­фи­ка­ци­и­те за Ли­га Евро­па. Сезона­та во Суперли­га­та тре­ба да поч­не на 12-13 септем­ври.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама