Connect with us

Фудбал

„Ми се случуваат чудни работи, прво Есиен, па Рибери, а сега Јаја Туре“

Спортскиот директор на францускиот прволигаш Брест, Грегори Лоренци, признал дека менаџерите му понудиле искусно и големо име, Јаја Туре. Тој има 37-години, игра во Кина, а по таа авантура можно е да се врати во Лига 1.

-Пред две години ми го понудија Есиен, а сега преку менаџери ми го нудат Јаја Туре. Доживувам необични работи во последните две години, вели Лоренци и додава:

-Дури примив пораки дека сме први кандидати за купување на Франк Рибери, вели спортскиот директор на Брест.

Инаку, Јаја Туре, освен со Брест, се поврзува и со Ботафого, каде што пред неколку дена потпиша Саломон Калу. Туре беше еден од најдобрите играчи на Манчестер Сити и Барселона.