Тајмаут
Ми велеа дека ме изневерува, не верував! Го земав телефонот и се шокирав, не бил само еден! Легендата Тоти искрено за неговата сопруга (ФОТО)
Цела Италија остана запрепастена кога минатата година беше објавено дека фудбалерот Франческо Тоти и новинарката Илари Блази се разведуваат. Двајцата важеа за еден од најхармоничните „спортски парови“, но по 17 години брак и три деца – официјално се разведоа затоа што Илари (42) беше неверна.
Познато е дека и по разводот имаше многу искри меѓу нив, долго време се зборуваше како ќе го поделат имотот, а сега по долго молчење „римскиот принц“ ќе зборува за се што му пречело од моментот кога сфатил дека сопругата го изневерува . Во интервју за италијанските медиуми, Тоти изјави дека се започнало кога го земал мобилниот телефон на тогашната сопруга и ја видел пораката: „Се гледаме во хотелот“.
„Поради корона вирусот го изгубив татко ми, а сопругата не беше со мене. Го проверив нејзиниот мобилен телефон, што нормално дотогаш не го правев и најдов пораки. Не можев повеќе да спијам. Ништо не беше исто.Жена ми кога најмногу ми требаше ја немаше. Ми доаѓаа гласини дека Илари има друг. Всушност тоа не беше точно – таа имаше повеќе од еден. Никогаш не сме си го правеле тоа еден на друг во 20 години, а потоа почнаа да доаѓаат предупредувањата од различни луѓе на кои им верувам. Еднаш погледнав во нејзиниот телефон и видов порака од посредникот помеѓу Илари и трето лице. На неа пишуваше: Се гледаме во хотелот“, изјави Франческо Тоти за неговата поранешна сопруга.
Во времето кога се венчаа, Тоти и Илари беа меѓу најпопуларните луѓе во Италија, па свадбата беше пренесувана во живо на телевизија. Во таблоидите ги нарекуваа „италијанските Бекамови“, но Франческо (46) и Илари (42) денеска, освен нивните три деца, (Шанел, Кристијана и Изабел) немаат никаков друг контакт.
“Имаше многу гласини дека се изневеруваме, но не. Сега ќе ви докажам. Факт е дека паднав во депресија. Се правев дека се е во ред, но тоа не бев јас. Излегов од тоа благодарение на Ноеми“, изјави Франческо Тоти за својата сегашна девојка Ноеми Бока со која е од минатата година, додека моментално не се знае со кого е Илари Блази, бидејќи помалку се појавува во медиумите отколку порано.
