Поврзи се со нас

Други спортови

Михаел Шумахер ја напуштил Швајцарија, преместен во Мајорка?!

Седумкратниот првак во Формула 1, Михаел Шумахер наводно ја напуштил Швајцарија, и се преселил на Мајорка, пишуваат шпанските и италијанските медиуми. Се претпоставува дека Шумахер сега е на Мајорка, каде што е во вилата која неговата сопруга ја купила од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез во 2017 година за 30 милиони евра.

-текстот продолжува по рекламата-

Тамошните медиуми за селидбата на Шумахер ја пренесоа потпирајќи се на изјавите на поранешната сопруга на Флавио Бријаторе, Елизабет Грегорачи која рекла: „Михаел не зборува, комуницира само со очите. Само три лица може да го посетат, и јас знам кои се тие“.

-текстот продолжува по рекламите-

Во 2014 година, една година по несреќата, Шумахер се сели во Швајцарија каде е на рехабилитација крај езерото во Женева, но многу малку се знае за неговата здравствена состојба.

Познатиот неврохирург Ерих Ридерер неодамна кажа мислење за состојбата на Михаел:

„Мислам дека се наоѓа во вегетативна состојба, што значи дека е буден, но не реагира. Тоа значи дека дише, неговото срце чука, може да седне и да направи некој чекор со помош. Но, верувам дека тоа е неговиот максимум. Постои ли шанса да го видиме истиот како пред несреќата? Мислам дека не“, рече Ридерер во изјава за француската телевизија ТМЦ.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама