Connect with us

Други спортови

Михаел Шумахер пред нова операција

Во последните години се зборуваше многу за состојбата на познатиот возач на Формула 1, но има малку сигурни информации за тоа во кака состојба е всушност.

Според италијанските медиуми, третманот на Михаел Шумахер продолжува со нова операција на мозокот. Дека легендарниот Шуми повторно ќе биде опериран, потврди и Филип Менаж, светски познат доктор, кој претходно се грижеше за Германецот, со трансплантација на матични клетки.

„Целта е да се регенерира централниот нервен систем на Михаел “, рече Менаш, кој ќе го предводи докторскиот тим.

Шумахер претрпе тешка повреда на главата на 29 декември 2013 година, на скијање во Франција и неговото здравје оттогаш беше мистерија.

Тој цело време бил во болница, мускулите му беа атрофирани, боледува од остеопороза, повеќето од неговите витални функции се значително ослабени, па единствено решение е третман на матични клетки.

“Во последните 20 години, науката постигна сериозен напредок во процесот на терапија со матични клетки, но тоа не го менува фактот дека сè уште не знаеме за тоа како влијае на човечкиот мозок. Затоа, не можеме да кажеме какви резултати ќе донесе овој третман” – рече италијанскиот неврохирург Никола Ачиари.