Connect with us

Други спортови

Михаела Шифрин победи во супервелеслалом во Банско

Американката Микаела Шифрин е победник во супервелеслалом трката која денес се одржа во Банско.

Брилијантната Шифрин во Бугарија славеше со време од 1:10.88, па со новата победа дополнително ја зацврсти нејзината водечка позиција во рамките на Светскиот куп.

Зад неа беше италијанката Марта Басино (+0,29), додека на третото место заврши Лара Гут-Бехами (+0,70).

Севкупно, Шифрин е на првата позиција со 1225 поени, втора е Федерика Бриџоне со 855 и трета е Петра Влахова со 830.

Пласман во супервелеслалом се смени од денес, со оваа победа Шифрин ја презеде лидерската позиција со 186 поени предност пред Корин Сутер (150).