Connect with us

Фудбал

Михајловиќ со една реченица на полувремето го убедил својот тим дека можат да го победат Интер

Синиша Михајловиќ и неговиот тим Болоња му нанесоа шокантен пораз на Интер вчера, со кој „Нероаѕурите“ испаднаа од трката за титулата со Јувентус и Лацио. По мечот имаше што да им каже Антонио Конте на своите играчи, бидејќи на полувремето водеа со 1:0, а потоа не реализираа пенал.

Но, и Синиша Михајловиќ имал што да им каже на своите фудбалери. Тој практично со една реченица го сменил нивниот став за овој меч, а се чини дека токму тоа било пресвртницата.

-Не е лесно да се игра со играч помалку против Интер, но ова на крајот беше карактерна победа, што ме прави среќен поради момците кои се вратија во живот. На полувреме реков, ако дадете гол, ќе го победиме Интер, и така излезе. Целта ми беше да ги охрабрам, а нам како да ни требаше да примиме гол за да се осмелиме, изјави Михајловиќ по мечот и големата победа на „Џузепе Меаца“.