Connect with us

Фудбал

Михајловиќ за Ибрахимовиќ: Веројатно ќе се сети на мене, имаме слични корени

Тренерот на Болоња Синиша Михајловиќ има добри односи со Златан Ибрахимовиќ, иако во минатото имале доста инциденти на теренот. Михајловиќ се надева дека пријателството ќе опстане.

-Кога играв во Интер, тој беше во Јувентус. Се скаравме на теренот. Но, кога дојде во Милано, односно Интер, станавме пријатели поради сличните корени. Не знам што ќе се случи со него, но тоа пријателство ќе опстане без разлика на се, вели Михајловиќ кој низ насмевка додава:

-Веројатно ќе се сети на мене сиротиот“,.

Оваа изјава Михајловиќ ја даде во пресрет на утрешнит меч помеѓу Милан и Болоња. Веќе е јасно дека Ибра ги игра последните мечеви во дресот на Милан.